Објавено на:

Нови тензии: Пентагон ја шпионирал војската на Мексико, обвинува мексиканскиот претседател

t

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор го обвини Пентагон за шпионирање на неговата влада, по протекување информации во американските медиуми. Тој додаде дека ќе започне со класификација на информациите од вооружените сили за да ја заштити националната безбедност.

Неговите коментари се објавени неколку дена откако „Вашингтон пост“ објави за очигледни тензии меѓу мексиканската морнарица и војската, повикувајќи се на брифинг на американската војска по протекување доверливи американски воени белешки.

„Од сега ќе ги чуваме информациите на морнарицата и Министерството за одбрана, бидејќи сме мета на шпионирање на Пентагон“, рече Обрадор.

„Вашингтон пост“ соопшти дека нема индикации дека цитираниот документ потекнува од пресретнати комуникации од мексикански официјални лица.

Обрадор нагласи дека акциите на американските разузнавачки служби се „навредлив упад што не треба да се прифати под никакви околности“, додавајќи дека не планира да ги прекорува САД, но дека во одреден момент ќе ги разгледа условите за соработка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…

САД и Велика Британија ги повикаа нивните…

Амбасадата на САД во Бејрут и британската…

Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…

Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…

Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…

Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…