Објавено на:

Нови тензии: Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Источното Море

t

Северна Кореја повторно ја зголеми тензијата на Корејскиот Полуостров, откако утринава истрела балистичка ракета кон Источното Море, соопшти јужнокорејската војска.

Според Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, лансирањето било регистрирано околу 6 часот наутро од областа Вонсан, на источниот брег на Северна Кореја.

Ракетата прелетала повеќе од 700 километри, а јужнокорејските и американските власти во моментов ги анализираат нејзините карактеристики. Иако сè уште не е потврден точниот тип, според проценетиот дострел најверојатно станува збор за балистичка ракета со краток дострел.

Северна Кореја располага со ракети од типот KN-23, кои се сметаат за севернокорејска верзија на рускиот „Искандер“, со дострел од околу 700 до 800 километри.

Најновото лансирање доаѓа само неколку дена откако Пјонгјанг истрела друга ракета кон Источното Море. Во меѓувреме, Јужна Кореја и САД се подготвуваат за годишната заедничка воена вежба, која треба да започне следната недела.

Севернокорејските власти редовно ги осудуваат ваквите вежби, нарекувајќи ги подготовки за војна, а во периодите на нивно одржување често спроведуваат сопствени тестирања на оружје.

Според јужнокорејските податоци, Северна Кореја од почетокот на годинава досега има истрелано 11 ракети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…