Нови цени на горивата од полноќ

t

Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 3,5 денари за литар, додека цените на бензините и мазутот остануваат исти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 89 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 91,50 денари за литар, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 98,50 денари за литар, на екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 96,50 денари за литар, а на мазутот М-1 НС 52,978 денари за килограм.

Со оваа Одлука, според РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,75 отсто во однос на вчерашната одлука.

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27 август 2022 година. Трговците на големо и на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од полноќ поевтинува дизелот

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од…

(Видео) Дрон крена во воздух големо складиште…

Украински беспилотно летало разнесе голем магацин за…

Цистерни со вода, храна и гориво влегуваат…

Израелските власти објавија дека четири цистерни со…

УНИЦЕФ: Апсолутно е неопходна испорака на гориво…

Извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел денеска…

Првпат од почетокот на војната Израел дозволува…

За првпат за време на борбата против…