(Фото) Нови шокантни детали на британските медиуми: Договорени се 20 илјади фунти по мигрант, Македонија е прва држава која се согласила на ваков договор?!
Македонија ќе добива финансиска помош за секој прифатен мигрант, а планот има за цен да ги охрабри барателите на азил да бараат работна виза и азил во Македоннија.
Сепак пристапот на Северна Македонија е претпазлив и прагматичен откако останатите Балкански држави како Албанија и Босна и Херцеговина одбија веднаш да бидат инволвирани посочувајќи ги како проблем лимитираните капацитети и националните интереси. Северномакедонската Влада наводно бара безбедносни гаранции и инвестиции во замена за кооперација која што ја рефлектира дипломатската комплексност и сензитивност на проблемот, пишува британски Експрес.

Велика Британија ќе и исплаќа на Македонија до 20 илјади фунти по депортиран мигрант соогласно новиот договор за „повратни центри“ кој има за цел да го забрза процесот на депортирање на индивидуи кои немаат легално право да останат во ОК. Договорот е дел од напорите на британската Влада за партнерство со трети држави кои би ги прифатиле мигрантите кои не можат да бидат вратени во нивните матични држави поради легални или практични пречки. Соогласно последните објави, платежната структура има со цел да и помогне на Северна Македонија во трошоците за престој и како дополнителна мотивација со цел соработка со договор кој најпрвин би го покрил пробниот период.
Инсајдереските информации говорат дека договорот со Северна Македонија е првиот од таков тип на Обединетото кралство и претставува промена кон процесирање надвор од британска територија или модели на реалокација претходно тестирани од други европски држави, пренесува Експрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: САД не сакаат ништо што би…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Клековски со порака за Денот на независноста:…
Министерот за здравство Сашо Клековски присуствуваше на…
Затворена Ајфеловата кула: Штрајкуваат вработените
Ајфеловата кула во Париз во понеделникот беше…
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Над 1.120 цивили загинаa во напади со…
Најмалку 1.120 цивили загинаа во напади со…