Нови 25 случаи на голема кашлица за една недела, од нив осум се бебиња
Институтот за јавно здравје – ИЈЗ информира дека од 30 август до 5 септември во Македонија пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, што е за 47,1% повеќе во споредба со претходниот седмодневен период, кога беа регистрирани 17 новозаболени.
Најголем број заболени се во Скопје -14 каде случаи се регистрирани во сите скопски општини; во Тетово – 5, Кратово – 3, Куманово – 2 и еден случај во Крива Паланка.
Возраста на заболените се движи од 1 месец до 60 години, а најголем број на случаи
се од возрасната група под една година (n=8; 32,0%). Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран согласно возраста. Од новите случаи 5 заболени се хоспитализирани“, велат од Институтот за јавно здравје.
Од институтот исто така наведуваат дека заклучно со вчерашниот ден во Македонијасе регистрирани вкупно 1.074 случаи на голема кашлица, со инциденца од 58,5/100 000 жители, а 159 заболени биле хоспитализирани.
Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019- 2023 година), кога беа регистрирани вкупно 10 случаи“, нагласуваат од Институтот за јавно здравје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…