Новоформирана фирма без лиценца превезувала патници – фирматан аводно е поврзана со „Беса транс“

t

Комбе без лиценца вршело превоз на патници од и кон Скопје, како и екскурзии, посочува инспекторатот на Град Скопје. Денеска бил извршен вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници, при што била изречена казна за фирмата под назив „Друштво за транспорт трговија и услуги Ројал Травел ДООЕЛ увоз-извоз Скопје” и за истата фирма ќе биде поднесена пријава до надлежните институции.

Извршен е инспекциски надзор на три автобуси и две комбиња, при што е утврдено дека комбе со назив на фирмата “Ројал Травел ДООЕЛ” вршело превоз на патници од и кон Скопје и екскурзии, без притоа да има лиценца за туристичка агенција и превоз на патници, како и за организирање на екскурзии со туристички водич, од Министерството за економија што е задолжително согласно законот за туристичка дејност, а не поседува ни дозвола од Министерството за транспорт и врски. Фирмата “Ројал Травел ДООЕЛ” под која што е регистрирано комбето е основана на 28 декември 2021 година, а според информациите кои беа пласирани во медиумите деновиве, станува збор за лица и возила поврзани со “Беса Транс”, на која фирма и беа одземени лиценцата за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници од страна на Министерството за транспорт и врски, откако претходно беа констатирани нерегуларности во работењето, неспроведување на законите и законските обврски коишто таа како фирма е должна да ги почитува – велат од Инспекторатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Европски сојуз за промени“ е името на…

„Европски сојуз за промени“ е името на…

Си легнаа на брашното: Беса ќе оди…

Мелинда Рашиди од движењето Беса во емисијата…

БЕСА го подбра лидерот на ДУИ: Изјавата…

Од Беса изјавата на лидерот на „интегративците“,…

Обединување на албанскиот блок: БЕСА ќе ги…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценува дека…

Се јави Хоџа: БЕСА ќе даде поддршка…

Заменикот претседател на движењето БЕСА, Аријанит Хоџа…