Ново видео од апсењето на Фуркан Салиу: “ПОЛЕКА ЛУЃЕ, НЕ МОЖАМ ДА ДИШАМ!“

t

Новинарот Фуркан Салиу објави ново видео од неговото апсење пред два дена на фудбалски натпревар во Средно Коњаре. При еден момент, му вели на припадникот на ЕБР дека „не може да дише“.

-Вистината никој не може да ја спречи да искочи на виделина. Сите јавни лица, блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои што лажат јавно и се обидуваат да ја оцрнат мојата работа откако овој случај ќе се расчисти ќе бидат тужени, порачува Салиу.

Од порталотХ наведуваат дека имало обид за бришење на материјалите и одземање на телефоните.

-Во оваа држава законот мора да важи еднакво за сите, без оглед дали станува збор за министер, лекар, новинар, изјави вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за инцидентот на фудбалскиот натпревар каде беа неколкумина приведени.

Според него, никој нема право да ја злоупотребува позицијата, ниту да попречува службено лице при вршење на должноста. Тошковски потврди дека имало физички напад по долните екстремитети на еден од полицајците и тоа е нивна изјава.

На изјавата за медиумите на министерот беше присутен и Салиу. Тој бараше одговори за настанот во кој беше инволвиран, меѓу кои и за прегледот на неговиот автомобил во кој беше пронајдено оружје. Од МВР велат дека внатрешна контрола го испитува секое дејствие преземено од полициските службеници на овој настан.

Салиу вчера го запраша Тошковски дали добил информација како бил пронајден неговиот пиштол и по која основа е претресено неговото возило, без негово присуство.

-Извршен е преглед на вашето возило. Лицето има дозвола за поседување, но таквото оружје не смее да биде во рамки на возило на предметното место во селото. Точно се знае согласно закон како се поседува и како се транспарторира од едно до друго место и како се носи. Станува збор за прекршок во однос на начин на поседување на истото. Многу битно е пиштолот да го чувате дома, а не во своето возило. Во оваа држава мора законот да важи за сите. Доколку биде расчистено дека нападот не се случил, ќе ти се извинам, му одговори министерот на Салиу, најавувајќи соодветна пријава најмалку кон две лица.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново видео од апсењето на Фуркан Салиу:…

Новинарот Фуркан Салиу објави ново видео од…

Спасовски на новогодишно дружење со децата на…

Денеска, (30.12.2023) за првпат во Министерството за…

Голема полициска акција во моментов во Скопје,…

Голема полициска акција во моментов се одвива…

22 години од формирањето на ЕБР: Ниту…

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати…

МВР демантира дека синот на директорот на…

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира,…