Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште

t

Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште. Екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа денеска спроведуваат мерки за контрола и спречување на ширење на болеста. Дописникот на МИА кој беше на лице место денеска го регистрираше чинот на вршење еутаназија на заболените животни и нивно отстранување од одгледувалиштето каде е потврдена болеста.

– Во моментот екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа спроведуваат мерки за контрола и спречувањена ширење на болеста. Се врши еутаназија на заболените животни и нивно не штетно отстранување од одгледувалиштето каде е потврдена болеста, како и од контактните одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болест, освен во комерцијалните фарми кои се категоризирани со низок ризик, информираа од АХВ.

Како што додадоа оттаму, се спроведуваат и мерки за епидемиолошко испитување за утврдување на можниот извор на заразата, попис и идентификација на сите свињи во одгледувалиштата, не штетно отстранување и уништување на опремата која не може да се дезинфицира, како и на слама, храна и шталско ѓубре.

– Под надзор на официјален ветеринар се спроведуваат и мерки за чистење и дезинфекција на опремата и возилата. На сила е забраната за чување на свињи на отворено и забраната задвижење и превоз на свињи во и од зоната, освен кога се носат воодобрена кланица за колење, велат од АХВ.

Попис и регистрација ќе се спроведе и за свињите во одгледувалиштата во зоната под надзор каде исто е забрането чување свињи на отворено, движење и превоз во и од зоната освен кога се движат во одобрена кланица за колење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Можно е да има уште еден…

Намалените приходи од акцизите и данокот на…

Судиите Зимбовска и Герасимовски во трка за…

Судиите од скопска Аплеација, Лидија Зимбовска и…

Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…

Нетанјаху тужи три медиумски куќи и шест…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за…

Румен Радев ја повика Европа на дијалог…

Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…