Ново инклузивно игралиште во ЗОО Скопје!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го посети новото инклузивно игралиште во ЗОО Скопје.

– Градот Скопје во континуитет вложува во хуманизација на јавниот простор и креирање на места кои овозможуваат стимулирање активности за социјализација и рекреација на децата и лицата со попреченост. Со тимот од градските сектори и јавни претпријатија, го посетивме инклузивното игралиште кое Град Скопје го направи во ЗОО Скопје.

Посветено работиме Скопје да биде град на грижа, град кој промовира инклузивност и безбедност за сите негови жители преку системски, сеопфатни и иновативни програми од сферата на социјалната грижа. Градот Скопје продолжува да креира нови модерни простори кои се инклузивни и корисни за целата заедница, а на новото инклузивно игралиште кое се простира на површина од 200 метри квадратни, се поставени реквизити кои се соодветни и безбедни за користење за децата со попреченост.

Направено уште едно безбедно катче, каде децата ќе можат да го поминуваат своето слободно време, што претставува реализација на уште едно ветување од програмата „За модерно Скопје“. ЗОО Скопје како општествено одговорно јавно претпријатие редовно организира посети на деца и лица со попречености со цел нивна интеграција и едукација, а Градот Скопје со цел подобрување на условите за вклученост и социјализација на децата со попреченост, со континуирани инвестиции обезбедува пристапност за сите.

Во изминатите три месеци Град Скопје набави нови специјално адаптирани моторни возила, со цел да се подобри движењето на децата и лицата со потешка телесна инвалидност и со кои во голема мера ќе се олесни нивното секојдневие, доделени се 5 електрични скутери за лица со телесна попреченост, а се подготвува за отворање и новиот дневен центар за деца со попреченост, активности кои системски се превземаат бидејќи посветеноста за ранливите групи на граѓани е високо на листата на приоритети на Град Скопје. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…