Ново пукање, неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста

t

Синоќа се случи уште едно во низата пукања, овој пат во Арачиново, има и тешко повредени. Со Тошковски на чело на МВР и ДПМНЕ во власта улиците станаа небезбедни, се пука на секој чекор. Криминалците напаѓаат по улиците затоа што немаат страв од Тошковски, реагираат од СДСМ по вчерашниот обид за убиство во Арачиново.

– Пред една недела имаше пукање со убиство кај Мавровка, пред тоа во Синѓелиќ, во Чаир, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица…

Ниту трага ниту глас од сторителите, од 8 убиства и обиди за убиства досега Тошковски има едвај едно расчистено.

Тошковски нема контрола ниту над северната граница која е предадена на приватно управување на ВЛЕН. Таму не се знае што се случува и како се поминува. Криминалците бегаат од затворите а Тошковски не може да ги лоцира.

Ќе побара ли денеска Мицкоски одоговрност од Тошковски или ќе го брани и понатаму?

Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи и Тошковски после сите скандали треба да си поднесе оставка. – велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…

СДСМ се огласи по повод изјавата на…

СДСМ бара Таравари да поднесе оставка

Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…

СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…

„Зголемените трошоци за живот се претворија во…

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…

Починале 20 бебиња за 6 месеци –…

„Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на…