Ново рочиште за Артан Груби и Перпарим Бајрами
Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, во кој обвинети се поранешниот вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор Перпарим Бајрами и уште шест лица.
Тие се сомничат за злоупотреба на службената положба и проневера на околу 600 милиони денари од буџетот на Државна лотарија при набавка на видеолотариски терминали.
На претходното рочиште сведочеше директорот во Државна лотарија, Владо Петковски, кој кажа дека за набавката имало физибилити-студии, мислења и финансиски план.
Тој негираше дека Бајрами му кажал дека за секоја одлука мора да се консултира со Артан Груби. Поради разлики меѓу неговиот исказ во истрагата и сведочењето во судница, Обвинителството побара дополнително испрашување, на што се спротивстави одбраната.
Меѓувреме, куќниот притвор на Артан Груби истекува на 13 октомври… Тој бара враќање на пасошот со понудена гаранција од околу 300.000 евра.
Од Кривичниот суд информираат дека обвинителниот предлог е поднесен на 13 август 2026 година, а според Законот за кривичната постапка, притворот може да трае најмногу 60 дена од неговото поднесување… За барањето за пасошот и гаранцијата е оформен предмет кој е доставен до Обвинителството, по чие мислење ќе одлучува судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…
Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Уапсен е тетовец – нападна две деца…
Жител на тетовското село Требош (51) бил…
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…
Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…
Украина и Русија во неформални разговори покажале…