Нов жолт картон од Совет на Европа: Бугарија да ги почитува пресудите на европскиот суд

t

Бугарските власти да ги спроведат одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур и да дозволат регистрација на здруженијата на македонското малцинство, одлучи Комитетот на министри на Советот на Европа.

На состанокот кој се одржал од 6-ти до 8-ми декември Комитетот ги разгледал неспроведените одлуки на судот во Стразбур за случаите во групата ОМО Илинден и други против Бугарија, кои се повеќе на број. Воедно, Комитетот ја повика бугарската Агенција за регистрација и надлежните судови да не отфрлаат регистрација на здруженија, а Агенцијата да дава упатства за исправка на досиејата дококлу во нив има одредени недостатоци.

-Изразуваме жалење за фактот што и покрај усвојувањето на времената резолуција во 2020 година и последователните одлуки, повеќе од 16 години по првата финална пресуда од оваа група, на здруженијата кои имаат „за цел да остварат признавање на македонското малцинство“ продолжува рутински да им се одбива регистрација главно поради поширок проблем на неодобрување на нивните цели и се соочуваат со постојана пракса од страна на властите кои наоѓаат нови основи за одбивање иако документите за регистрација се неколку пати разгледувани. – пишува во втората точка од одлуката на Комитетот на министри.

Во одлуката стои дека Комитетот на министри ќе изврши контрола на спроведеното од овие препораки и во септември 2023 година.

Оваа одлука, според Претседателот на ОМО Илиден Пирин Стојко Стојков е чекор напред во остварување на човековите права на Македонците во Бугарија, но вели дека проблемот за ова прашање е повеќе политички, отколку законски.

„ Не е проблемот ниту во документите ниту во нешто друго, проблемот е што има една официјална политика дека такво малцинство нема и не смее да има и затоа има повеќе пресуди кои се аргументирани преку тоа штом барате такво малцинство, или сакате нешто со тоа малцинство да правите вие сте закана за територијалната целост на државата, за суверентитетот на државата и затоа не може. Мислам дека нешто што во Комититетот и во оваа одлука пак им кажува дека тоа не смее да се користи како аргумент. “ вели Стојко Стојков.

Адвокатот на ОМО Илинден Пирин, Тони Менкиноски оценува дека Бугарија е ставена пред свршен чин во делот на имплементирање на пресудите на судот во Стразбур, а доколку тоа не го стори може да се соочи со одредени санкции.

-Бугарија се труди веќе 16 години да не ги имплементира овие одлуки и доколку не се спроведат овие одлуки постои процедура за исклучување на Бугарија од Совет на Европа, тоа е последното скалило, бидејќи Советот нема да дозволи да не се имплементираат одлуките на судот од Стразбур во одредена држава и со тоа да се повреди целиот систем на Совет на Европа. – вели Менкиноски.

Одлуката на Советот на Европа доаѓа во екот кога се уште е актуелна темата со имињата на бугарските клубови Цар Борис Трети и Ванчо Михајлов кои се отворија во Македонија, а кои имаат рок од три месеци да ги сменат контроверзните имиња или да бидат избршиани од Централниот регистар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Свеста и чувството дека сум Македонец треба…

Денеска се навршуваат 152 години од раѓањето…

Златото и среброто тонат, изгубија до 60…

Златото и среброто се соочуваат со остар…

Пакистански државјанин осуден на 27 и пол…

Пакистанскиот државјанин, 48-годишниот Асиф Мерчант, е осуден…

Силен земјотрес во Романија почувствуван и во…

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според…

Путин и Си ја продлабочуваат соработката: Русија…

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател…