Нов земјотрес: Прва оставка во Владата на Сунак!

t

Британскиот премиер Риши Сунак вчеравечер ја прифати оставката на Гевин Вилијамсон како министер без ресор, откако во јавноста се појавија обвинувања дека извршил мобинг врз колеги и навредувал близок соработник на поранешната премиерка Лиз Трас.

Министер Вилијамсон прво синоќа ја соопшти својата оставка од новата конзервативна влада, откако беше обвинет за „неморално” однесување и испраќање несоодветни пораки до пратениците и поранешните колеги.

„Како што знаете, постои тековен процес на жалба во врска со пораките што ги испратив”, напиша Вилијамсон, државен министер без ресор, во писмото до премиерот Риши Сунак што го објави на Твитер.

„Упатени се и други обвинувања” и „тие стануваат пречка за добрата работа на оваа влада”, додаде тој.

Неговата оставка е прва во владата формирана пред две недели.

Во јавноста излегоа пораките на Вилијамсон во кои тој ја навредува Венди Мортон, блиска соработничка на поранешната премиерка Трас, затоа што не се погрижила да биде поканет на погребот на кралицата, пишува Гардијан.

Гардијан појаснува дека Тереза Меј своевремено го разреши Вилијамсон од функцијата министер за одбрана поради објавување доверливи информации, а тој беше сменет и од Борис Џонсон по катастрофалниот двегодишен мандат како министер за образование.

Минатиот месец, меѓутоа, Вилијамсон беше вратен во владата како министер без ресор од страна на новиот британски премиер Риши Сунак, но неговата позиција се најде под лупа на јавноста набргу откако медиумите објавија дека испратил навредливи пораки до Венди Мортон кога дознал дека нема да биде на списокот на официјални лица кои ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета Втора, наведува лондонскиот дневен весник.

Пораките собрани од „Сандеј тајмс” покажуваат, како што додава Гардијан, дека Вилијамсон ја обвинил Мортон дека покажува лични политички преференции при изборот на службеници поканети на погребот на кралицата.

Вилијамсон напишал дека е „многу лошо и испраќа многу јасна порака” дека оние што не биле „фаворизирани” од Лиз Трас биле намерно исклучени.

„Исто така, не заборавајте дека знам како функционира ова и дека има цена за се”, се заканувал Вилијамсон во своите пораки користејќи, според Гардијан, експлицитни вулгарности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…

Истражување: Милиони Британци овој Божиќ ќе мора…

Домаќинствата ќе бидат принудени да ги намалат…

ОН алармираат поради детската сиромаштија во Велика…

Организацијата ја рангираше Британија на 37 место…

Русија „хакирала“ британски политичари и новинари

Москва ги отфрли сличните обвинувања како „неосновани“…