Нов историски рекорд на биткоинот, надмина 111.000 долари
Биткоинот денеска надмина 111.000 американски долари (околу 98.000 евра), поставувајќи нов историски рекорд на пазарот на криптовалути.
Ова зголемување е предводено од силен интерес на институционални инвеститори и растечко учество на традиционалните финансиски актери.
Аналитичарите истакнуваат дека клучна улога во новиот раст играат големите компании и инвестициски фондови, кои сè почесто гледаат на Биткоин како на резервна актива. Порталот „CoinDesk“ посочува дека некои од овие компании дури и финансираат купувања преку пазарот на капитал, што е нов тренд кој го зацврстува позиционирањето на дигиталните валути во пошироката економија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Биткоинот падна на 62.000 долари
Најголемата криптовалута во светот, биткоин, забележа значителен…
Џиновска статуа на Трамп со биткоин поставена…
Златна статуа висока 3,6 метри на претседателот…
Вредноста на Биткоинот падна за 1,79 проценти
Вредноста на Биткоинот падна за 1,79 проценти…
Биткоинот благо падна на 95.285 евра
Вредноста на Биткоин благо падна за 0,53…
Историски скок на Биткоинот – достигна над…
Криптовалутата достигна ново историско ниво Биткоинот ја…