Нов конфикт? Романија пресретна украински воен авион
Романија во четвртокот утрото исфрлила два авиони F-16 Fighting Falcon за да пресретне странски воен авион, соопшти тамошното Министерство за одбрана. Пресретнатата цел беше идентификувана како борбен авион Сухој Су-27 на украинското воздухопловство. Беше упатено да слета во воена база во близина на градот Бакау во источна Романија, се вели во соопштението.
Министерството соопшти дека пилотот на украинскиот авион сам им се предал на романските власти. Букурешт ги проценува правните последици од инцидентот. Министерството за одбрана соопшти дека подоцна ќе даде дополнителни детали за ситуацијата.
Веста доаѓа во време на руска воена операција во Украина, која Русија ја започна во четвртокот наутро. Москва ги идентификуваше украинските воени аеродроми и авионите на теренот како примарна цел за нејзините воздушни напади.
Романија, членка на НАТО, рече дека ги презела сите неопходни мерки на претпазливост и дека ги следи настаните што се случуваат во соседната земја.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ја започнал операцијата за принудување на демилитаризација и „денацификација“ на Украина. Тој ги обвини САД дека ја вооружуваат земјата против Русија и замижуваат пред присуството на радикални националисти во редовите на украинските војници. Операцијата имаше за цел да спречи полошо крвопролевање во иднина, тврди рускиот лидер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Романија крена НАТО ловци откако дрон влезе…
Романија активираше НАТО борбени авиони откако дрон…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Романија би можела да го воведе еврото…
Романија би можела да го усвои еврото…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…