Нов кружен тек во Автокоманда: Арсовска реализира проект ветуван над 20 години!
Се проектира кружниот тек во Автокоманда, на булевар “Александар Македонски“ кај „16. Македонска бригада“, информира градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
-Стратешкиот проект кој беше ветуван од повеќе градски раководства над две децении, а при тоа иако ветуван не беше изготвена ниту проектна документација, полека станува реалност низ проектите кои се започнуваат со реализација од програмата “За модерно Скопје”.

Кружниот тек во Автокоманда, на булевар “Александар Македонски“ кај „16. Македонска бригада“ се проектира, а се изработува и основен проект за сите останати фази за ул. „16-та Македонска бригада“ од крстосницата со бул. „АСНОМ“ до пристапната улица до црква „Св. Архангел Михаил“.


На крстосницата на булевар „Александар Македонски“ со улицата „16.Македонска бригада“ предвиден е кружен пешачко – велосипедски натпатник кој ќе овозможи пешаците и велосипедистите да се движат безбедно без контакт со преостанатите учесници во моторниот сообраќај.


Во основниот проект се предвидени велосипедски патеки за целиот опфат и пешачки патеки независни од коловозот. При реализација на овој проект се предвидува воспоставување нов сообраќаен режим, односно ќе се овозможи слободен и побрз проток на сообраќај без застанување, што ќе придонесе и за помало воздушно загадување во овој дел на градот. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…