Објавено на:

Нов масовен протест на опозицијата во Бања Лука

t

Илјадници демонстранти се собраа вечерва во Бања Лука за да го изразат своето незадоволство од изборите во Босна и Херцеговина и актуелната влада во Република Српска и побараа заминување на Милорад Додик.

„Миле крадец“ и „Миле оди си“ беа главните пораки што ги извикуваа учесниците на протестот кои сметаат дека актуелниот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик организирал масовен изборен фалсификат за да победи во трката за претседател на Република Српска.

Додик моментално води во таа трка со нешто повеќе од 28.000 гласови пред главната противкандидатка Јелена Тривиќ од Партијата за демократски напредок (ПДП).

Претседателот на таа партија, Бранислав Бореновиќ, нагласи дека Тривиќ е легитимен нов претседател на РС и дека опозицијата нема да попушти во напорите да докаже дека нејзините гласови се украдени.

ПДП и Српската демократска партија (СДС) сметаат дека дури 65.000 гласови биле на некој начин биле одземени од Тривиќ, па на почетокот на неделава поднесоа барање до Централната изборна комисија на БиХ (СИП) за поништување на изборите и повторно да се спроведе гласањето за претседател на РС.

Потпретседателот на СДС, Милан Радовиќ, денеска најави дека нема да се откаже од протестот додека не се докаже дека нивните тврдења за изборни измами се точни и додека Додик засекогаш не биде испратен во политичка пензија.

Додик ги отфрла обвинувањата на опозицијата. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири активни пожари и четири под контрола,…

На ден 23/24.08.2026 година, до 07:30 часот,…

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…

Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…

Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…

Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…