Нов неславен рекорд во САД: Регистрирани најмалку 1,13 милиони нови случаи на Ковид-19 во еден ден…
Соединетите Држави пријавија најмалку 1,13 милиони нови инфекции со коронавирус, што е највисок дневен број во која било земја во светот.
Претходниот рекорд беше постигнат на 3 јануари, кога беа регистрирани 1,03 милиони случаи. Последните податоци беа објавени во понеделникот, кога вообичаено се пријавуваат голем број случаи поради фактот што многу сојузни држави не направиле извештаи за време на викендот.
Седумдневниот просек на нови инфекции е тројно зголемен за две недели, на повеќе од 700.000 нови инфекции дневно. Регистриран е и рекорден број хоспитализирани пациенти со Ковид-19, бидејќи повеќе од 135.500 лица се во болница. Ова го надмина рекордот од 132.051 поставен во јануари минатата година.
Зголемувањето на бројот на случаи ја наруши работата на училиштата кои мака мачат со отсуството на кадар, наставници и возачи на автобуси.
Чикаго ја откажа наставата четвртиот ден, бидејќи округот и наставниците не успеаја да се договорат како да се справат со зголемувањето на бројот на инфекции.
Њујорк ја прекина услугата на три линии на метрото поради големиот број работници кои се болни, а многу компании се откажаа од враќање на работниците во нивните канцеларии.
Бројот на смртни случаи во САД е во просек 1.700 дневно, што е зголемување во однос на околу 1.400 во последните денови, но во рамките на нивоата забележани на почетокот на оваа зима.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…