Нов повик од Стојанов: Вели дека биле во контакт со полицијата во Скопје и дека немало да има провокации
Виктор Стојанов кој е основач на бугарската Фондација ,,Македонија” , на социјалните мрежи уште еднаш ги повика бугарите да се мобилизираат и во што поголем број да пристигнат во Скопје.
Стојанов во својата објава вели дека се во контакт со полицијата во Македонија и дека мирно и без провокации ќе дошле во Скопје.
Во продолжение ви го пренесуваме целиот статус на Стојанов:
,,Дојдете заедно да читаме Гоце Делчев во Скопје сега на 4-ти, во сабота! Нема барикади, блокади или провокации да има и нема да се дозволат! Во контакт сме со полицијата во Скопје и тие заедно со бугарското МВР ќе се грижат за редот и мирен тек на прославата! Имаме организиран превоз со автомобили од Софија. На границата ќе се сретнеме со полицијата на Македонија и ќе го обезбеди движењето до гробот на Гоце и назад. Во 11:30 на паркингот на Калето ќе дојдат наши пријатели од Скопје и Бугари од цела Македонија, иако од страв од напади, нема многу.
Им благодариме на МВР на Македонија и внатрешни работи на нашата татковина што обезбедија ред и заедничко чествување Гоце во духот на разбирање и пријателство – како што ќе биде и во иднина! Дојдете да го почестиме Гоце на неговиот гроб во Скопје” , се вели во статусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Курц: За десет години ќе живееме во…
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц оцени дека…
Денес се празнува Светата маченичка Параскева (Петка)
Родена е во градот Иконија од родители…
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…