Објавено на:

Нов пораз на ракометарите на Македонија на СП, Тунис славеше со 33-28

t

Прв пораз на најдобрата ракометна репрезентација на Македонија,на Претседателскиот куп, на Мундијалот во Полска и Шведска. Тунис подобар од нашиот национален тим со 33-28.

Црвено жолтите на разигрувањето за пласман од 25 до 32 место на Шампионатот го претрпеа вкупно четвртиот пораз во Полска . Лошата игра во одбрана, посебно над кружните напаѓачи повторно беше клучна за нашиот нов неуспех.

Избраниците на Лазаров лошо го отворија мечот , без гол бевме околу 5 минути, што Тунис знаеше да го искористи за стартно водство од 4 -0. По тајмауто на Лазаров македонските ракометри заиграа малку подобро што веднаш се одрази на резулатот, ја намаливме предноста на противникот неколку пати и на само еден гол, но на полувреме Тунис замина со предност од два гола, 14-16.

Почетокот на вториот дел беше во знакот на црвено жолтите. Во тој период од играта Филип Кузмановски постигна неколку брзи голови во свој стил водејќи ја топката од гол до гол, а Никола Митревски беше одличен на голот. . Во првите десетина минути дури стигнавме и до водство од еден гол , но Тунис повтоно заигра подобро во одбрана а нашиот напад беше без идеја, што резултираше со враќање на Тунис во посакуваниот ритам и неутрализирање на нашето миниално водство.

Тунис постигнуваше лесни голови а нашите ракометари се мачеа во нападот. нашиот противник од минута во минута ја зголемуваше предноста и во поседните 5 минути влезе со позитивна од 5 голови за мирна завршница. На крајот заслужено Тунис ја доби Македонија и обезбеди прва позиција во втората група од Президент купот и место во мелот за 25 позиција на Мундијалот.

Филип Кузманвски со 8 и Дејан Манасков со 7 голови беа нашите најефикасни ракометари во денешниот дуел, солиден на голот беше Митревски со 8 одбрани. Настапите во Президент купот ги завршуваме во понеделник со дуел против Мароко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОДБРАНАТА НА ГРУБИ СЕ ИЗВИНИ: Велат дека…

Адвокатите на Артан Груби се оградија од…

Украина: 600.000 домаќинства се без струја по…

Најмалку 600.000 домаќинства во Украина останаа без…

Европската комисија го поткопува јазичниот „бетон“ –…

Статусот на македонскиот јазик во Европската Унија…

Мицкоски ѝ понуди на опозицијата да се…

Европската Унија останува стратешка цел на државата…

Недостигот на дизел може да продолжи и…

Намалената понуда на дизел на светскиот пазар…