Објавено на:

Нов притвор од 48 часа за насилникот од Карпош

t

Од Скопското обвинителство информираат дека е одреден нов притвор од 48 часа за Стојанче Јовановски, насилниот сопруг и татко од Карпош, чија сопруга и 6-годишно дете починаа по пад од балкон.

-Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа, бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео записи од повеќе критични локации, а се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и починатата жена. Дополнително се преземаат и други дејствија од значење за докажување на кривичните дела чии елементи се испитуваат во моментов, информираат од МВР.

Јовановски е осомничен за Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Триесет дена притвор за четворицата осомничени за…

Четворицата осомничени за двојното убиство во скопската…

Манијак во Карпош – следел и допирал…

МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…

Вандализирано детско игралиште во Карпош 1

За жал, повторно сме сведоци на вандализам…

Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…

Од МВР информираа дека е расчистен случајот…

Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…