Објавено на:

Нов протест пред бугарската „Пејпер Мил“ во Кочани – Фабриката сеуште испушта црн чад

t

Граѓанската Иницијатива за чист воздух од Кочани утре во 12 часот ќе одржи голем протест пред фабриката за рециклирање на стара хартија „Пејпер мил“ заради големото загадување на воздухот. Тие бараат надлежните да ѝ наложат на фабриката да не користи сончогледови пелети како гориво, туку гас, затоа што, како што објаснуваат, додека производството се одвивало на метан, немало проблеми во аерозагадувањето.

– Големиот протест го организираме заради нерешените прашања. Загадувањето трае, од оџакот на фабриката и натаму се испушта црн чад, се чувствува силна миризба, не може да се отвори прозорец, неподносливо е. Луѓето во околината се загрижени за своето здравје, но и луѓето од цело Кочани, затоа што чадот се разнесува. Ние протестираме во Кочани веќе две недели, а утре ќе протестираме пред фабриката – велат од граѓанската Иницијатива за чист воздух за „Слободен печат“.

Раскажуваат дека проблемите со загадувањето почнале откако фабриката пред две години заради поскапувањето на гасот почнала да работи со алтернативно биогориво, односно пелети од сончогледови остатоци. Лани Државниот инспекторат за животна средина ја казни фабриката заради надминување на дозволените емисии на ситни честички ПМ10 и јаглерод моноксид и ѝ наложи да премине на гас, но од „Пејпер мил“ наместо тоа, поставија нови филтри.

Граѓаните велат дека откако биле поставени филтрите загадувањето на почетокот се намалило, но потоа малку по малку, повторно се зголемило, а од оџакот пак излегува црн чад.

Од Пејпер мил на својата Фејсбук страница информираа дека работат целосно во согласност со А-интегрираната еколошка дозвола според која може да работат на биомаса со сончогледови пелети.

„Инвестиравме во вреќест филтер и сите мерења направени од акредитирани лаборатории покажуваат дека работиме во рамки на параметрите. Планираме 1,8 милиони евра инвестиции оваа година во целосно финализирање на пречистителната станица, промена на котелот на сончогледови пелети со најсовремен, инвестиции во проект за енергетската ефикасност за реинсталација на целиот паро-кондензационен систем, којшто ќе доведе до минимум 15 отсто намалување на влијанието на котелот“, наведуваат од фабриката.

Граѓаните што ќе протестираат повторуваат дека не се за затворање на фабриката, туку првенствено бараат промена на горивото, како и почитување на прописите од еколошката дозвола.

Фабриката, според најавеното, од 3 март го сопре процесот затоа што ќе врши реконструкција на електрониката во машинскиот дел и ќе воведува современа технологија за поголема ефикасност. Прекинот на производството ќе трае до крајот на месецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Претрес во кочанско, пронајдена дрога

На 14.03.2024 полициски службеници од ОВР Кочани…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Продолжува скандалот во ДПМНЕ Кочани: Откако јавно…

Познатата долгогодишна партиска активистка Славица Ангелова добила…

(Документи) Кривични пријави за потпретседателот на ДПМНЕ…

Загрижени граѓани од Кочани, по недобивањето одговор…