Објавено на:

Нов рекорден ранкинг: Ивановски напредуваше 39 позиции на АТП-листата!

t

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, забележа нов највисок ранкинг на АТП-листата, на нејзиното најново обновување, денеска.

Ивановски сега се наоѓа на 331. позиција на светот, напредувајќи дури 39 позиции. Ова се должи на новите 24 бода, освоени на челинџер турнирот во Јаши, Романија, каде што стигна до четвртфиналето. Од македонските тенисери, на АТП-листата фигурираат уште Горазд Србљак, кој доживеа пад од 39 позиции и сега е на 1.132., како и Обрад Марковски, кој е на делба на 1.227. место.

На врвот нема промени во топ-10, со тоа што Карлос Алкараз ја зголеми предноста пред Новак Ѓоковиќ и сега има 900 бода повеќе од него.

На ВТА-листата, пак, Лина Ѓорческа напредуваше 25 скалила и сега го држи 224. место на светот, додека Магдалена Стоилковска застана на 1.367. позиција, по падот од осум места.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови правила за патување во Европа од…

Граѓаните на Македонија, како и на другите…

Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…

Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…

Рама за победата на Студентската листа: Србија…

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Србија,…

Руската вакцина против рак даде резултати, кај…

Првиот пациент кој ја прими руската персонализирана…

Расте бројот на загинати во верижниот судир…

Бројот на загинати во тешките верижни судири…