Објавено на:

Нов руски напад на Харков, има загинати и ранети

t

Во новиот руски напад врз Харков, вториот по големина град во Украина, рано утринава загинаа двајца цивили, а седум беа ранети, објави регионалниот гувернер Олег Синегубов на Телеграм.

Јавната телевизија „Суспилне“ јави дека е оштетена висококатница во населбата Шевченковски, а гори и продавница. Други медиуми објавија дека нападот се случил нешто по полноќ.

Претходно Синегубов соопшти за напад во Харков врз станбена зграда и ракетен напад врз село северно од градот. Нема информации за жртви во двата инцидента.

Харков, во североисточна Украина, беше честа руска цел, а нападите се интензивираа во последните недели. Во средата, во напад со беспилотно летало врз градот загинаа четири лица и беше предизвикана голема штета на станбени блокови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк беше…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека…

Един Терзиќ е хитот во Европа, живее…

Един Терзиќ е хит во Европа и…

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк…

РегионалниотЦУК– Скопје информира дека на бројот 112,…

(Видео) Бугарско знаме во Пустец – македонската…

Веењето наа бугарското знаме пред зградата на…

На празник си заминуваат праведните: По долго…

После долго боледување, денеска на Велики Четврток,…