Нов топлотен бран во четврток и петок
Во Македонија во вторник посвежо утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од 9 до 19 степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Максималните дневни температури во Македонија утре ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.
Во Македонија во среда ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Минималните температури од 11 до 21 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат од 28 до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.
Во четврток и петок тропски ден, ќе преовладува сончево и многу топло време. Утринските температури ќе се движат во интервал од 11 до 21 односно од 13 до 23 степени, додека пак максималните ќе достигнат од 30 до 40 односно од 31 до 41 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.
Во Македонија во сабота ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и многу топло време. Минималните температури од 15 до 25 степени, додека пак дневните ќе се движат во интервал од 31 до 41 степени.УВ индексот ќе има вредност 9.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УХМР: Вчера дувал ветер од 134 km/h!
УХМР објави информација за максимална брзина на…
Невреме од Црна Гора, Албанија и Косово…
Невреме од Црна Гора, Албанија и Косово…
УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…
Под влијание на циклонска активност времето утре…
Попладнево и утре ќе има невреме во…
Македонија во четврток ќе остане под влијание…
УХМР предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд,…
Утре ќе има изолирана појава на нестабилност,…