Нов ценовен удар или поевтинување: РКЕ утре ќе носи одлука за цената на горивата

t

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе носи нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари. Во актуелната пресметка веќе се применува намалена акциза. Според Регулаторната комисија, акцизата е намалена за два денари за литар кај бензините и за четири денари кај дизелот.

Владата засега не планира да го намалува ДДВ-то. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изјави дека состојбата на пазарот се следи и дека евентуални нови мерки ќе зависат од натамошното движење на цените.

– Во овој момент, немаме такви планови. Но, тоа не значи дека тоа нема да се промени. Ги следиме состојбите, ќе видиме како ќе биде и ќе носиме одлуки на седниците на Владата – изјави Димитриеска-Кочоска.

Главната причина за поскапувањето на горивата е зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светските пазари. „Евростат“ објави дека цените на горивата и мазивата за личен транспорт во Европската Унија се зголемија во просек за 16,9 % во јули во споредба со истиот месец минатата година. На месечна основа, цените на дизелот во ЕУ се зголемија за 4,3 % во јули, додека цените на бензинот се зголемија за 4,7 %.

Германија и пет други земји од ЕУ бараат вонреден данок за нафтените компании поради високите цени на горивата. Германскиот министер за финансии, Ларс Клингбајл, поведе иницијатива на ниво на ЕУ за воведување данок на екстра профит за нафтените компании како одговор на високите цени на горивата. Министрите бараат да се отвори дискусија за воспоставување европска рамка за оданочување на неочекуваните добивки, со цел да се извлечат поуки за поефикасно одредување на профитите на нафтените компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за…

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи, судија…

Димитриеска Кочоска: Министерството за финансии нема никаква…

На надзорната расправа во Комисијата за финансирање…

73-годишна жена била пронајдена почината во нејзиниот…

73-годишна жена вчера била пронајдена почината во…

Мицкоски: Предвремени избори би биле неодговорно однесување…

Предвремени избори би биле неодговорно однесување кон…