Објавено на:

Нов црвен аларм: Страшна бура најавена и за денеска во Србија!

t

Суперклеточната бура која изминативе два дена беснееше по Словенија, Хрватска и Србија нема да ги одмине овие земји ни попладнево. Метеролозите во регионот ги вклучија црвениот и портокаловиот аларм.

Србија денеска издаде црвен метеоаларм за Шумадија и Поморавје поради опасност од силен ветер и громови. Во останатиот дел од земјата, од страна Републичкиот хидрометеоролошки завод е издаден портоклаов метеоаларм што значи опасно време.

Во синоќешното невреме кое ја зафати Србија се регистрирани три жртви, пренесува РТС.

Хидрометеоролошкиот завод на Хрватска денеска околу 10 часот објави портокалово предупредување за невреме со грмотевици за речиси цела Хрватска. Црвен аларм има за Истра и регионот Кварнер.

Словенечката агенција за животна средина (Арсо) денеска издаде портокалово предупредување за невреме за целата на Словенија, во периодот од 14 до 23 часот. Според Арсо, можна е силна бура, со град и налети на ветер и гром.

„Попладнево, во вечерните часови и во првиот дел од ноќта, ќе има невреме со врнежи, а можно е нагло издигнување и поплавување со поројни потоци и помали реки во областа на Корушка и на други места во сливот на Драва. Водостојот на реките и влажноста на почвата веќе се високи во ова подрачје“, соопшти агенцијата.

„Ги замолуваме граѓаните да продолжат да избегнуваат да ги посетуваат парковите заради сопствена безбедност се додека не се отстранат сите опасни дрвја и гранки. Првите предупредувачки знаци беа поставени во парковите Бундек и Младенача, а во текот на денешниот ден ќе бидат поставени и во други места“, се вели во прогласот.

Во наредните денови на копно ќе се смирува времето со претежно сончево и постепено потопло време. Во недела претпладне на места може да има појава на магла или ниска облачност, а во понеделник ќе биде посончево.

Во вторник повторно се зголемуваат шансите за локализирани врнежи, особено на запад кон крајот на денот, прогнозираат метеоролозите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Србија чува кокошки кои несат…

Весна Козак од Падина одгледува околу 40…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…