Ножеви и дрога во казино: Силни полициски контроли во Тетово!

t

Полициски службеници од Одделот за униформирана полиција на подрачјата на секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Охрид, Куманово, Штип, Велес и Тетово, ноќеска од 00.00 до 04.00 часот, спровеле акциска контрола во угостителски објекти за присуство на малолетници по полноќ, како и за точење алкохол на малолетници.

Притоа, на подрачјето на СВР Скопје била извршена контрола во пет спортски обложувалници, а на подрачјето на СВР Велес контролата била спроведена во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.

При контролите било констатирано едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје, како и осум прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и еден по Законот за лична карта.

При контрола во казино на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, ноќеска во 2 часот од слобода бил лишен К.М.(41) од Тетово, кај кого била пронајдена бела прашкаста материја, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истовремено, во истото казино, кај лицето А.Ј.(24) од Тетово бил пронајден и одземен нож. Против него ќе има поднесок по член 80 од Законот за оружје, се наведува во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…

Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…

Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…

Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…

Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…

Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…

Маж од Тетовско две години ѝ барал…

Маж од Тетовско две одини ја уценувал…

Му побарале уплата на шалтер, тој го…

Инцидент се случил во Клиничката болница во…