Објавено на:

“Нож во грб”: Финска е против влезот на Украина во ЕУ

t

Хелсинки не ги поздравува отстапките на патот на Украина кон Европската унија, изјави финската премиерка Сана Марин во интервју за Yle.
„Не мислам дека треба да правиме исклучоци за Украина, неопходно е да се почитуваат критериумите“, рече Марин.

Таа додаде дека не гледа ништо лошо во статусот на кандидат за Украина, притоа истакнувајќи дека таквиот статус не значи дека земјата утре ќе стане членка на ЕУ.

„Секако, за членството ќе треба многу работа“, заклучи таа.
Ден претходно Марин беше во посета на Украина, каде што се сретна со Володимир Зеленски.

Претходно, премиерот на Холандија Марк Руте изјави дека се мали шансите Украина наскоро да добие статус на кандидат за членство во ЕУ. Слично мислење има и делегатот министер во француското МНР за европски прашања Клемент Бон. Според него, процесот на пристапување на Украина во ЕУ може да трае 15-20 години.
Истовремено, спикерот на украинското МНР Олег Николаенко изјави дека Украина очекува во јуни да добие статус на кандидат за влез во Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Свештеник почина по напад со нож во…

Еден свештеник почина, а уште четири лица…