„Нозете ми се тресат, ве молам да се собереме сите и да бараме секаде“, семејството на Аниса во очај, се бара помош за потрагата

t

Семејството на 12-годишната Аниса Ајро, не добило никакви информации за нивната ќерка која исчезна пред 3 дена.

МАКЕДОНИЈА„Нозете ми се тресат, ве молам да се собереме сите и да бараме секаде“, семејството на Аниса во очај, се бара помош за потрагатаОбјавено пред 1 минута – 1 април, 2023Од Елена Тарчуговска

Семејството на 12-годишната Аниса Ајро, не добило никакви информации за нивната ќерка која исчезна пред 3 дена.

Добивај вести на вибер
Нејзиниот татко Енгин во очај вели дека досега никој ги нема контактирано да пријави некаква трага која ќе ги одведе во прегратките на нивното дете.

Семејството на Аниса ги мобилизира сите пријатели и добри луѓе кои би можеле да им помогнат за заедно да пребаруваат, со надеж дека девојчето ќе биде најдено.

Taткото апелира до целата јавност да се приклучи кон нивните напори.

„Ве молам, да се собереме сите – новинари, политичари, спортисти. Сите, сложно да станеме на нозе и заедно да ја најдеме Аниса. Ќе бараме секаде. Тешко ни е многу. Нозете ми се тресат кога зборувам“, рече таткото во изјава „Макфакс“.

Во врска со другото 15-годишно девојче, Мелица, кое истотака вчера беше пријавено за исчезнато, таткото на Аниса вели дека двете не биле другарки, туку познанички, а и за неа не се знае каде би можела да биде. Ја отфрла можноста дека девојчињата можеби побегнале заедно, бидејќи другото девојче е многу повозрасно.

„Макфакс“ објави дека Аниса Ајро последен пат била видена завчера на паузата во училишниот ходник. Тоа на таткото му го раскажала нејзина другарка која последен пат ја видела на тоа место. Од тогаш на девојчето му се губи секаква трага.

Енгин Ајро повика секој кој поседува некоја информација за Аниса да го контактира на телефонскиот број +389 72232 983.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Поради вежбите на НАТО во Финска,…

Маневрите на НАТО во близина на границите…

Доставени се 12 приговори за заштита на…

Државната изборна комисија ја одржа првата прес-конференција…

Путин: Сите инволвирани во терористичкиот напад во…

Сите главни, спонзори и организатори на терористичкиот…

До 9 часот излезноста на првиот круг…

До 9 часот излезноста на првиот круг…

Ѓоковиќ: Само победа и ништо друго!

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја…