Објавено на:

Ноле на штаки: Прва фотографија по операцијата

t

Новак Ѓоковиќ вчера имаше операција на коленото во Париз, а денеска за прв пат се појави во јавноста по операцијата.

Мала хируршка интервенција со која е санирана оштетувањето на менискусот е направена во клиниката Рамзи Санте и изведена од најдобрите лекари.
При артроскопијата беше утврдено дека не се работи за сериозна варијанта на повреда на менискусот на десното колено за која не е потребна толку долга рехабилитација.

– Изминатиот ден морав да донесам тешки одлуки откако заработив повреда на менискусот на последниот натпревар. Сè уште обработувам сè, но со задоволство известувам дека операцијата помина добро. Многу сум благодарен на тимот од лекари кои беа покрај мене, како и на огромната поддршка што ја добив од моите фанови. Ќе дадам се од себе за да бидам здрав и подготвен што побрзо да се вратам на терените. Мојата љубов кон овој спорт е силна и желбата да се натпреварувам на највисоко ниво е она што ме одржува. Одиме – напиша Ноле на Инстаграм!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец нападнат од повеќе лица, со убодни…

На 11.06.2024 во СВР Скопје, А.Л.(48) од…

Ноле на штаки: Прва фотографија по операцијата

Новак Ѓоковиќ вчера имаше операција на коленото…

Двајца возачи се повредени – излетале од…

Двајца жители на Макеоднија завршија во различни…

Бог да чува: Пациент препратен во Прилеп…

Немало кој да стави катетер на пациент…

Малолетник удрен со мотоцикл – со тешки…

На 02.03.2024 во 10.30 часот во СВР…