Норвешка купува американски ПВО системи во вредност од околу 362 милиони долари

t

Норвешка постигна договор со Америка за купување ракети за противвоздушна одбрана AIM-120C-8 AMRAAM вредни околу 362 милиони долари, соопшти денеска норвешката армија. „Со сè повеќе нови ракети, норвешките вооружени сили ќе имаат подобра способност да ја заштитат Норвешка од воздушни напади“, изјави норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам, пренесе Ројтерс.

Ракетите првенствено се наменети за копнениот систем за воздушна одбрана на Норвешка, но можат да се користат и како проектили за борбени авиони Ф-35А. Норвешка, која е членка на НАТО и ја дели границата со Русија, вети дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана по почетокот на војната во Украина, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Норвешка издвојува 23,4 милиони евра за агенцијата…

Норвешка одлучи да ја поддржи Агенцијата на…

Норвешкиот државен фонд пак урна рекорд, лани…

Норвешкиот национален фонд, Владиниот пензиски глобален фонд,…

Терористички напад вечерва и во Норвешка: Влегол…

Три лица се избодени со нож денеска…

Норвешка купува американски ПВО системи во вредност…

Норвешка постигна договор со Америка за купување…

Норвешка го зголеми нивото на закана од…

Норвешката разузнавачка агенција го подигна нивото на…