Норвешкиот државен фонд пак урна рекорд, лани бил во ќар од 222 милијарди долари

t

Норвешкиот национален фонд, Владиниот пензиски глобален фонд, денеска соопшти дека во 2024 година имал рекордна добивка од 222 милијарди долари (околу 213 милијарди евра), со што го соборил рекордот од претходната, 2023 година.

Рекордниот финансиски резултат главно е последица на силниот раст на цените на акциите на технолошките компании во кои вложува фондот, јавија медиумите. Во исто време, фондот напомена дека „технолошкиот бум нема да трае вечно“.

„Посебно американските технолошки акции се покажаа многу добро“, вели Николај Танген, извршен директор на Норвешката банка за инвестициско менаџирање (НБИМ), која управува со фондот.

Највисок принос донесоа акциите на технолошкиот сектор, во износ од 1,17 трилиони круни. Во рангирањето на компанијата, првото место им припадна на акциите на Nvidia со приход од 286 милијарди круни. Следат Apple со 156 милијарди и Amazon и Alphabet со околу 100 милијарди круни.

Фондот управува со имот од 1,8 билиони долари и е меѓу водечките светски инвеститори. Тој ги вложува државните приходи на Норвешка од производството на нафта и гас во акции, обврзници, недвижен имот и инфраструктура за обновливи извори на енергија. Фондот во моментов има удели во 8.659 компании ширум светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд е…

Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд е…

Норвешка воведува речиси целосна забрана за вештачка…

Норвешка воведува речиси целосна забрана за користење…

Синот на норвешката принцеза осуден на четири…

Мариус Борг Хоиби, 29-годишниот син на норвешката…

Норвешка одвојува околу 40 милиони евра за…

Норвешка одвојува 425 милиони норвешки круни (околу…

Норвешката полиција изврши претреси во имоти на…

Полицијата во Норвешка изврши претреси во имоти…