Норвешка очекува рекорден извоз на гас во Европа оваа година

t

Норвешкиот систем за извоз на гас треба да испорача рекордни количини енергија во Европа оваа година, по паузата во септември заради одржување, изјави денеска шефот на операторот на гасоводниот систем Гаско.

Норвешка стана најголемиот снабдувач на гас во Европа оваа година, престигнувајќи ја Русија дури и пред минатонеделното затворање на гасоводот Северен тек 1, покажуваат податоците на Refinitiv Eikon.

Гасоводниот систем на Гаско ги снабдува Велика Британија, Германија, Белгија и Франција со гас, а компанијата го одложи летното одржување оваа година за да обезбеди снабдување со оглед на намалените испораки од Русија.

Ова лето испорачавме (количината на гас) што вообичаено би ја испорачале во зимските месеци, рече извршниот директор на Гаско, Фроде Леверсунд.

Испораките оваа година веќе се зголемени за еквивалент на 60 терават часови или за 4,97 милијарди кубни метри гас, покажуваат податоците на норвешката компанија.

Во септември ќе извршиме неопходно, планирано одржување што ќе го намали капацитетот, но системот „ќе биде подготвен за почетокот на зимата“ на 1 октомври, рече Леверсунд.

Норвешка сепак ќе испорача повеќе од 117 милијарди кубни метри гас преку гасоводи во 2022 година, што е нов годишен рекорд, во споредба со минатогодишните 113,2 милијарди кубни метри, рече извршниот директор.

Во следните две до три години очекуваме сличен обем на работи за одржување, што исто така треба да обезбеди континуирано високо ниво на испораки, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Норвешка издвојува 23,4 милиони евра за агенцијата…

Норвешка одлучи да ја поддржи Агенцијата на…

Норвешкиот државен фонд пак урна рекорд, лани…

Норвешкиот национален фонд, Владиниот пензиски глобален фонд,…

Терористички напад вечерва и во Норвешка: Влегол…

Три лица се избодени со нож денеска…

Норвешка купува американски ПВО системи во вредност…

Норвешка постигна договор со Америка за купување…

Норвешка го зголеми нивото на закана од…

Норвешката разузнавачка агенција го подигна нивото на…