Норвешка ќе и донира на Украина авиони Ф-16
Норвешка ќе и донира воени авиони Ф-16 на Украина, објави денеска норвешката телевизија ТВ2, повикувајќи се на неименувани извори.
Но, не е наведено колку авиони ќе и бидат донирани на Украина. Министерството за одбрана на Норвешка се уште ја нема потврдено информацијата.
Норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере вчера се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев и најави донации на противвоздушни ракети и друга опрема, но не кажа ништо за авионите Ф-16.
Норвешките воздухопловни сили минатата година приземни 57 авиони Ф-16. Норвешка се согласи да продаде 32 од тие авиони на членката на НАТО, Романија.
Дванаесет авиони Ф-16 треба да се продадат на приватна компанија ангажирана во обука на американското воено воздухопловство, но тој план сè уште не добил конечно одобрение и некои аналитичари сметаат дека овие авиони би можеле да бидат донирани на Украина.
Норвешкото министерство за одбрана минатата година соопшти дека преостанатите 13 авиони се прескапи или премногу тешки за поправка и дека може да се стават во музеј, да се користат за резервни делови или да завршат во отпад за да се рециклираат.
Норвешка авионите Ф-16 ги замени со Ф-35.
Доколку веста биде потврдена, Норвешка ќе биде трета земја, која ќе донира американски борбени авиони Ф-16 на Украина, заедно со Данска и Холандија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…