Норвешка ќе обезбеди 1 милијарда евра помош за Украина
Норвешка вети дека ќе обезбеди финансиска поддршка од 1 милијарда евра за Украина за да ја зајакне нејзината одбрана, да им помогне на сиромашните и да помогне во обновата по руската инвазија.
Норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере вчера во Киев изјави дека Норвешка сака да ја изрази својата солидарност со борбата за опстанок на Украина.
„Тука сум да кажам дека украинската борба не е само за Украина. Станува збор за некои основни принципи на светот што ќе ги понудиме на нашите деца. Се работи за безбедноста во Европа, за судбината на вашиот сосед“, рече Стоере на заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Ќе донираме една милијарда евра за поддршка на вашата земја и вашиот народ за остатокот од 2022 година и за 2023 година. Оваа војна е кршење на меѓународното право… Вие имате право да се браните и ние имаме право да помогнеме да се одбраните“, додаде Стоере.
На прашањето дали Норвешка е подготвена да го зголеми својот придонес во снабдувањето со гас во Европа, Стоере рече дека Норвешка веќе произведува „максимално“ можно количество гас, но дека ќе направи се што е во нејзина моќ за да го испорачува.
Зеленски рече дека е неопходно да се продолжи да се врши притисок врз Русија за да се стави крај на војната
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…
Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…
Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…
Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…
Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…
Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…
Унгарија се очекува да го повлече ветото…