Норвешка ќе обезбеди 240 милиони долари за зајакнување на украинската морнарица

t

Норвешка ќе обезбеди 2,7 милијарди круни (240 милиони долари) за зајакнување на украинската морнарица за да и помогне да ги одврати руските сили во Црното Море, соопшти денеска норвешката Влада.

„На Украина и треба поголема поддршка за да ги одврати руските поморски сили во Црното Море во претстојното време. Неопходно е да се заштити украинското население и украинската инфраструктура од нападите на руската Црноморска флота. Исто така, важно е да се заштити извозот преку море на жито и други производи, кои генерираат клучни приходи за Украина“, се вели во соопштението на премиерот Јонас Гар Сторе.

Според Владата, 100 милиони круни претходно биле наменети за поморска обука и други мерки во 2025 година и сега таа одобрила нов пакет.

Поддршката ќе вклучува донации од норвешките вооружени сили, како и воена опрема набавена од индустријата за донацијата, велат од Владата. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпански медиуми: Историска излезност на предвремените парламентарни…

Шпанските медиуми известуваат дека до 14:00 часот,…

Снегот престана да паѓа, патиштаата се проодни,…

Снежните врнежи предизвикаа проблеми во повеќе општини,…

Пропаднаа преговорите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот –…

Преговорите за формирање влада на национално единство…

Русија нападна фабрики на „Филип Морис“ и…

Руските вооружени сили извршиле напади врз фабриките…