Норвешка ќе ѝ помага на Украина со 205 милиони евра!
Норвешка со две милијарди круни (околу 205 милиони евра) ќе и помогне на Украина да обезбеди гас за претстојната зима, најави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.
– Како резултат на војната, Украина има итна потреба од надворешна поддршка. Украина побара од Норвешка да преземе водечка улога за да гарантира пристап до енергија. Ние се согласуваме и предлагаме да се искористат две милијарди круни за да можат Украинците да купуваат гас оваа есен и зима, наведе Сторе.
Двете милијарди круни се дел од веќе ветената помош од 10 милијарди круни од Норвешка за Украина, што ќе бидат исплатени преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која ќе има задача да го набави гасот.
– Нашиот придонес за набавка на гас главно ќе помогне да се обезбеди греење за болниците и училиштата во Украина оваа зима и можност за подготовка на топла храна, истакна Сторе.
Тој упати апел до другите европски земји да го следат примерот на Норвешка.
(МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…
ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…
Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…