Објавено на:

Норвешките власти ја поништија одлуката на градскиот совет во Драмен да прима само украински бегалци

t

Канцеларијата на гувернерот на Осло и Викен побара од десничарскиот општински совет во Драмен да ја објасни својата одлука да не прифаќа други бегалци бидејќи Украинците полесно се интегрираат во општеството.

Гувернерот рече дека општинската одлука „вклучува директна дискриминација врз основа на националност“.

Околу една третина од жителите на Драмен се имигранти или имаат имигрантско потекло. Градскиот совет предизвика критики во Норвешка кога одлучи да прифати само украински бегалци.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе, кој ја предводи Владата на левиот центар, ја осуди одлуката на општината, велејќи дека таа е „незаконска“.

Тој рече дека 357-те норвешки општини не можат сами да одлучат кои бегалци ќе ги прифатат, туку само колку ќе прифатат.

Владејачкото мнозинство во Драмен, петтиот по големина град во Норвешка, го сочинуваат Конзервативната партија, Партијата на напредокот, демохристијаните и малата партија на пензионери.

Драмен има околу 103.000 жители, од кои 31.000 се или имигранти или деца на имигранти родени во Норвешка. Според Норвешката статистичка служба, тоа се главно Полјаци, Литванци, Ирачани, Пакистанци и Сомалијци.

Во Норвешка, која има околу 5,5 милиони жители, од 2022 година дошле 70.800 Украинци, покажуваат податоците на Управата за имиграција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Цитроен“ удри во електричен тротинет, тешко повреден…

Вчера во 11.50 часот во Полициската станица…

Азири од Европски фронт: Ќе ги повикаме…

Елми Азири од коалицијата Европски фронт денеска…

Димитриевски му одговори на Мицкоски: Не очекувам…

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во своето…

Медиумите во Србија ja прекинaa програмата со…

Во 8 часот и 41 минути медиумите…

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа…

Русија ги засилила нападите во правец кон…