Норвешки генерал: Во Украина загинаа над 180.000 руски војници

t

Началникот на Генералштабот на норвешките вооружени сили генерал Еирик Кристоферсен изјави дека за речиси една година конфликт во Украина, убиени и повредени се речиси 180.000 руски војници, додека загубите на украинска страна изнесуваат 100.000 луѓе.

Тој не прецизира од каде се податоците за бројот на жртвите.

– Украинските загуби се веројатно повеќе од 100.000 загинати и повредени. Покрај тоа, Украина има околу 30.000 загинати цивили во таа страшна војна, наведе Кристоферсен.
Тој додаде дека и покрај големите загуби, Русија е способна да ја продолжи војната бидејќи Москва има капацитети за мобилизација и производство на оружје.

– Најзагрижувачка работа е дали Украина ќе може да ги задржи руските воздухопловни сили надвор од војната, бидејќи досега сите ги држеше настрана благодарение на нејзината противвоздушна одбрана, наведе Кристоферсен.

Во руските напади во изминатите месеци најмногу се користеа проектили со голем дострел.

Во исто време, норвешкиот генерал повика што поскоро да се испратат борбени тенкови во Украина.

И покрај итните повици од Украина и голем број европски земји, Берлин во петокот одби да испрати свои тенкови Леопард во Киев. Некои други европски земји имаат такви тенкови, вклучувајќи ја и Норвешка, но нивната испорака во Украина генерално бара германско одобрение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…