Ноќен хаос во Битола: Четворица приведени, нападнат и обезбедувач

t

Четворица битолчани биле приведени рано утринава по физичка пресметка во казино во Битола, при што бил нападнат и вработен во обезбедувањето.

Според МВР, инцидентот се случил на 5 октомври околу 03:15 часот во казино на улицата „Димитар Илиевски Мурато“.

Полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.Н. (40), Ш.К. (41), А.Ј. (29) и Д.Р. (34), сите од Битола.

Според пријавеното, четворицата го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а потоа физички нападнале и вработен во обезбедувањето на казиното.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

Нафтата падна на најниско ниво од август…

Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…

Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…

Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…

Мерц се закани со блокада на буџетот…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се заканил дека…

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…