Ноќеска од пукнато парно Токсикологија се поплавила — Клиниката не е осигурана од штети
Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории на третиот кат, но водата се слевала и надолу, се до подрумот, потврдија за „Слободен печат“ три извори.
Токму на ваква хаварија предупредија вработени од Клиниката за токсикологија пред неколку дена, кога преку писмо упатено до медиумите алармираа дека Клиниката за токсикологија не е осигурана. Медицинскиот директор доктор Данил Петровски, според наши информации потпишал клиниката да се осигура, ама економската директорка Бесија Иљази не го дала својот врзан потпис за одлуката и така Клиниката не е осигурана.
„Клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката не сака да потпише, затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално клиниката два месеци не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани“, стоеше во реакцијата на вработените на Токсикологија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПРОФ.Д-Р НИКОЛА ЖЕЖОВ: МОРАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ…
ПРОФ.Д-Р НИКОЛА ЖЕЖОВ ВО ЧЕСТ НА 23…
Македонците потрошиле 530 милиони евра онлајн за…
Онлајн купувањето во Македонија продолжува да бележи…
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…
24 годишна девојка од Подмочани возела 142…
На 19.10.2026 во 14:30 часот на регионален…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…