НСДП: Ако се спроведе референдумот ќе биде неуспешен

t

Сметаме дека доколку референдумот се спроведе ќе биде неуспешен и нема ништо значајно да промени, освен што ќе се потрошат милиони евра за организирање на истиот во време на енергетска криза, велат НСДП.

Оттаму посочуваат дека референдумот и референдумското прашање може да ги охрабри радикалните сили во државата и дополнително да ги засили поделбите во општеството кои не се потребни во момент кога ги отворивме преговорите со Европската Унија и следи скринингот.

-НСДП е против идејата за спроведување на референдум за прашања за кои државата усвоила стратешки документи во 90тите години и целокупната државна политика и реформи во изминатите 31 година од независноста на државата се во насока на исполнување на критериумите за зачленување во ЕУ и НАТО.НСДП смета дека вистинската намера на опозицијата е референдумот да го искористи во политички цели за проверка на нивната поддршка, а не во насока на зајакнување на државната политика на прогрес и чекорење напред кон Европската Унија.Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат референдумот да го искористат како алатка, поточно анкета на државен трошок за да го проверат мислењето на народот за нивните, ретроградни политики и тоа не треба да го поддржат граѓаните и јавноста претставена преку медиумите и невладиниот сектор, но и партиите од владеачката коалиција, информираат од НСДП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седми конгрес на НСДП, ќе се избираат…

Нова социјалдемократска партија – НСДП денеска напладне…

Политико: Исланд размислува за продолжување на преговорите…

Исланд размислува за организирање на референдум за…

НСДП: Само техничка влада со присуство на…

Техничката влада мора да остане, затоа што…

Поднесен е предлог за референдум за регионалната…

Поднесена е предлог-иницијативата за референдум за регионалната…