НСПВ: До кога министерот за одбрана ќе молчи на криминалот во МО?!
Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје пред 2 месеци ја информираше јавноста за незаконските постапувања и прекршувања на Колективниот договор од страна на Министерството за одбрана. Денес сакаме да Ве информираме дека ништо не се променило во изминативе 2 месеци.
Повторно спротивно на член 114 од КД на МО, Раководителот на Секторот за финансии Д.Т. , не го почитува Колективниот договор на МО, и не ги доставува списоците на членовите на синдикатот врз основ на реализирани административни забрани, и покрај нашите апели до Работодавецот – Министерот за одбрана за почитување на КД. Со таквата постапка го опструира работењето на синдикатот, дава доверливи податоци на трети лица и прави директна штета на синдикатот како правен субјект.
Раководителот на секторот за финансии при МО не постапува по одлуките на овластеното лице на НСПВ СО и на незаконит начин ги доставува списоците на овластено лице на друг синдикат. Ваков хаос и самоволие на службениците нема во ниедна институција , како што е во Министерството за одбрана.Ова е само уште еден начин на МО да се сопре работењето на НСПВ покрај сите претходни блокади и опструирања кои траат цели 14 месеци.
Поради недостиг на социјален дијалог со синдикатот и прекршениот даден збор на министерот Владо Мисајловски дека проблемите во МО ќе ги разреши во месец декември, го прашуваме
– Зошто дозволува незаконско постапување на своите службеници во МО цели 7 месеци ?!
– До кога министерот за одбрана ќе молчи на криминалот во МО ?!
– До кога ќе се дозволува на поединци да се однесуваат со Армијата и МО како приватна фирма или акционерско друштво ?!
Од ден на ден сме сведоци дека МО нема капацитет да се справи со овие незаконски постапувања на поединци, нема напредок и подобрувања во ниеден сегмент во Армијата, остана се на празни изјави и ветувања !
21.01.2025 г.
Со почит, Претседател на НСПВ СО
Александар Насковски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…