Нуклеарна инжинерка од Србија отпуштена од работа поради твитови за Вучиќ и Брнабиќ?
Нуклеарна инженерка вработена во Дирекцијата за радијација и нуклеарна безбедност на Србија добила отказ поради објави на Твитер за српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, пишува денеска неделникот „Време“.
Како што пренесе Бета, во отказното решение, до кое имаа увид новинарите на порталот „Време“, има цитати од два твита со кои нуклеарната инженерка е „неподобна за работа во државна институција“, кои ги објавила во 2021 година.
Решението за отказ го потпишал директорот на Дирекцијата за радијациска и нуклеарна безбедност, Слаѓан Велинов, а неделникот додава дека службата за информирање на Дирекцијата две години ги следела нејзините твитови.
Весникот „Време“ пишува дека таа никогаш не ја критикувала власта под нејзиното полно име, ниту во работното време, ниту ја споменала ниту коментирала институцијата во која работи.
Претседател на одборот на таа дирекција е Маја Гојковиќ, актуелна министерка за култура, а член на Одборот е потпретседателката на српското Собрание Сандра Божиќ, двете од претседателството на Српската напредна странка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…