НУКЛЕАРНО ЗАПЛАШУВАЊЕ: Според Пентагон и Берлин, Путин нема да го употреби оружјето во Белорусија
Министерството за надворешни работи во Берлин оцени дека станува збор за „дополнителен обид за нуклеарно заплашување“.
Американското Министерство за одбрана соопшти дека нема индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, откако Москва најави распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.
„Ги видовме извештаите за руското соопштение и ќе продолжиме да ја следиме оваа ситуација“, се вели во писмената изјава на прес-службата на Министерството за одбрана.
„Не гледаме причина да ја прилагодиме нашата сопствена стратешка нуклеарна положба или каква било индикација дека Русија се подготвува да користи нуклеарно оружје. Остануваме посветени на колективната одбрана на НАТО алијансата“, се посочува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Москва ќе распореди тактичко нуклеарно оружје на територијата на својот сојузник Белорусија, земја на прагот на Европската Унија.
Оваа најава беше критикувана иод германската влада, пишува Велт. Весникот посочува дека синоќа Министерството за надворешни работи во Берлин оцени дека станува збор за „дополнителен обид за нуклеарно заплашување“.
„Споредбата на претседателот Путин со нуклеарното оружје на НАТО е погрешна. Тоа не може да послужи како оправдување за чекорот што го најави Русија. Покрај тоа, Белорусија даде неколку меѓународни изјави дека нема да држи нуклеарно оружје“, соопшти Министерството.
Министерството за надворешни работи во Берлин оцени дека станува збор за „дополнителен обид за нуклеарно заплашување“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вреди му одговори на Ахмети: Вашите министри…
Писмото на Али Ахмети, во кое тој…
(Видео) Момин Поток пред завршница: Поставен асфалт…
Изградбата на клучката кај Момин Поток е…
Студен бран ја зафаќа Македонија, за викендот…
Утрото ќе биде ведро и студено, а…
„Македонија е и секогаш ќе биде дом…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски имаше средба…
САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…
САД се подготвуваат да објават нови царини…