Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки, велат од УЈП

t

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област. Стручните констатации и наодите добиени од спроведените контроли претставуваат основа за постапување на другите надлежни органи.

„Во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, УЈП е во постојана и целосна соработка со обвинителството, при што обезбеди и достави целосна документација, материјали и експертски појаснувања поврзани со даночната регулатива и постапките. Управата за јавни приходи јасно нагласува дека нема компромис кога станува збор за незаконито постапување, злоупотреба или корупција. Овие појави се неприфатливи и целосно спротивни на професионалните и етичките принципи на институцијата“ соопштија од УЈП.

„УЈП во сите постапки мора доследно да се почитува принципот на пресумпција на невиност, како основна гаранција во правниот поредок. Во меѓувреме, додека трае постапката, УЈП презеде навремени и соодветни мерки за обезбедување непречено функционирање на институцијата и стабилност на работните процеси во засегнатата организациона единица. Со тие активности се овозможува континуитет во работењето, заштита на јавниот интерес и зачувување на институционалниот интегритет“, велат од таму

„Управата за јавни приходи останува посветена на владеењето на правото, отчетното и професионално постапување и на заштитата на јавниот интерес. УЈП продолжува да соработува со сите надлежни органи со цел утврдување на одговорност таму каде што постои, но и зачувување на угледот, довербата и интегритетот на институцијата и нејзините вработени“ стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување…

Во рамки на активностите за поголема даночна…

УЈП со рекордна наплата на даноци и…

Во првите шест месеци од 2026 година…

УЈП ја почнува третата фаза од проектот…

Почнува третата фаза од проектот за е-фактура…

УЈП: Над 860 илјади граѓани добија годишни…

Во законскиот рок - 30 април 2026…

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025…

Управата за јавни приходи потсетува дека на…