Нулта толеранција за корупција: Украинкиот министер за одбрана казни 621 функционер
Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска изјави дека има „нулта толеранција“ за корупција и оти во текот на изминатата година стотици службеници во Министерството за одбрана или во вооружените сили биле казнети по внатрешни дисциплински инспекции.
Според светските агенции, оваа изјава е насочена кон зајакнување на разнишаниот статус на Резников, по скандалот поврзан со корупцијата во врвот на украинските вооружени сили.
Резников рече дека во 2022 година, 621 функционер на вооружените сили или во Министерството за одбрана биле казнети за различни прекршоци.
– Мојот принципиелен став беше, е и ќе остане непроменет: нулта толеранција за какви било прекршувања, рече Резников.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…