Нуредини контра Ковачевски: Веројатно оваа зима нема да има доволно гас за греење на Скопје

t

Напуштање на РЕК Битола, штедење енергија, вложување во обновливи извори на енергија, воведување данок на јаглерод… ова се само дел од потребните промени што ги посочува министерот за животна средина, Насер Нуредини.

Во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, Нуредини порача секој, од индустрија до граѓани, да штеди енергија за да се преброди претстојната зима без да ѝ се наштети на околината.

„Да, веројатно е дека во текот на зимата ќе нема доволно гас за греење во Скопје. Но, како држава бараме можности за набавка од други извори, како што е соседна Бугарија“, вели Нуредини.

Министерот препорачува за греење да се користи струјата, за која вели дека е „еколошка, но и економична опција“.

„Греењето со инвертери сепак би било поевтино, енергетски поефикасно и помалку штетно за околината. Мораме да бидеме подготвени и внимателни. Да не користиме материјали што се штетни за нашето здравје“, посочува министерот.

Фото : Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…