Нуредини контра Ковачевски: Веројатно оваа зима нема да има доволно гас за греење на Скопје
Напуштање на РЕК Битола, штедење енергија, вложување во обновливи извори на енергија, воведување данок на јаглерод… ова се само дел од потребните промени што ги посочува министерот за животна средина, Насер Нуредини.
Во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, Нуредини порача секој, од индустрија до граѓани, да штеди енергија за да се преброди претстојната зима без да ѝ се наштети на околината.
„Да, веројатно е дека во текот на зимата ќе нема доволно гас за греење во Скопје. Но, како држава бараме можности за набавка од други извори, како што е соседна Бугарија“, вели Нуредини.
Министерот препорачува за греење да се користи струјата, за која вели дека е „еколошка, но и економична опција“.
„Греењето со инвертери сепак би било поевтино, енергетски поефикасно и помалку штетно за околината. Мораме да бидеме подготвени и внимателни. Да не користиме материјали што се штетни за нашето здравје“, посочува министерот.
Фото : Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
РЕЧИСИ 50 МИЛИОНИ ЕВРОПЕЈЦИ НЕ МОЖАТ ДА…
Речиси 50 милиони жители на Европската Унија…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…